Напад со сатар во Њујорк

Маж, со месарски нож, нападнал двајца полицајци на Менхетн, во Њујорк. Во нападот, едниот полицаец бил повреден во пределот на лицето, пред да биде совладан од полицијата.

Повредениот полицаец е префрлен во болница а неговите повреди не се опасни по живот, соопштија официјални лица.

Осомничениот, кој полицијата го погодила со 18 истрели, е префрлен  во локалната болница.

akram-dzude

Комесарот на полиција на Њујорк, Вилијам Бретон кој претходно ги пофали полицајците за нивната работа, на прашањето за тоа, дали било неопходно да се испукаат дури 18 куршуми во осомничениот, за тој да биде совладан, изјави:

„Имавме лице кое трчаше по улица мавтајќи со сатар. И покрај се, полицајците му се доближиле, обидувајќи се да го приведат, при што на едниот полицаец му беше нанесена сериозна повреда на лицето, по што полицајците отвориле оган за да го спречат нападот“, изјави Вилијам Бретон, комесар на полицијата на Њујорк.

Полицијата го блокирала подрачјето во тој дел на градот, а на местото на настанот се упатени и агенти на Федералното биро за истрага (ФБИ).

Полициската престрелка се случи непосредно по трагичниот инцидент што го потресе Охајо откако полицијата застрела 13-годишен афро-американец кој бил осомничен за грабеж и кој предизвика масовни протести низ земјата.

Подготвил: Исо Мухиќ