НАТО ја започна воената вежба „Морска стража“ во Средоземно Море

НАТО денеска ја започна воената вежба под името „Морска стража“ за борба против тероризмот и илегална миграција во Средоземно Море, соопшти прес службата на Алијансата.

Одлуката за спроведување на операцијата „Морска стража“ е донесена во јули оваа година на средба на врвот на Алијансата во Варшава.

– НАТО денеска ја започна новата постојана операција „Морска стража“ за гарантирање на безбедноста во Средоземно Море, се наведува во соопштението.

Во маневрите учествуваат три бродови и подморници на воените морнарици на НАТО: италијанската фрегата „Авиере“, бугарската „Верни“, турската „Гемлик“, грчката подморница „Папаниколис“ и шпанската „Мистрал“. Морски патролни авиони на Грција, Турција, Италија, Шпанија и Португалија, исто така, учествуваат во „Морска стража“.

Операцијата „Морска стража“ има три основни задачи, а тоа се мониторинг на ситуацијата во Средоземно Море, борба против тероризмот и зајакнување на военоморскиот потенцијал на НАТО.