Неколкумина ранети во експлозија во владин објект во југоисточна Турција

Експлозија се случи денеска во зграда на локалната администрација во југоисточниот турски округ Мардин, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Експлозијата настанала во градот Дерик, населен претежно со Курди .На местото се испратени повеќе амбулантни возила.

Според електронското издание на весникот „Хуриет”, причина за експлозијата е бомба. Телевизијата НТВ пак, објави дека има неколкумина ранети.

Весникот „Хуриет дејли њуз” пишува дека гувернерот Мухамед Фатих Сафитурк е лесно повреден.