„Њујорк Тајмс“ предвидува победа на Доналд Трамп

Според анализата на „Њујорк Тајмс“, Доналд Трамп има поголеми шанси да победи на претседателските избори.

Според интерактивната мапа на Гласот на Америка, тој во овој момент има 232 електори, а Хилари Клинтон 209. Дополнително, Трамп води во повеќето клучни држави, а на Клинтон и се вбројани 55-те гласа од Калифорнија и 12 од Вашингтон, со кои се надеваше на пресврт.

Трамп води во Флорида, Џорџиа, во многу важната Северна Каролина, во Охајо, но и во демократските упоришта Мичиген и Висконсин, на пример. Хилари Клинтон води во Пенсилванија, а неизвесно е во Мичиген.

Претходно беа лиферувани непотврдени информации дека Трамп веќе победил во сојузната држава Флорида. Хилари Клинтон ја освои државата Њујорк.

Последните промени покажуваат дека Трамп ги освоил државите од Средниот Запад, кои се традиционални републикански упоришта – Тексас, Оклахома, Канзас, Небраска, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота. Но, Хилари води во Њу Дакота и Колорадо.

Претходно, Трамп ги освои Кентаки, Индијана, Западна Вирџинија, Тенеси, Мисисипи, Оклахома, Мисури, Јужна Каролина. Демократката Хилари Клинтон победи во Вермонт, Илионоис, Мериленд, Њу Џерси, Конектикат, Мсачусетс. Во Њу Хемпшир сепак води Трамп, а не Клинтон.

Се чини дека битката сепак ќе заврши во државите на Западниот брег, каде демократите имаат традиционална предност во Калифорнија, држава со 55 електорски гласови.