Нова демократија: победата на Трамп нема да влијае врз грчко-американските односи

Портпаролот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос денеска ги коментираше резултатите од претседателските избори во САД велејќи дека победата на Доналд Трамп нема да влијае врз односите на Грција со САД.

– Грчко-американските односи имаат цврсти темели. Тие остануваат силни, изјави Кумуцакос за едно грчко радио.

– Ние ја цениме официјалната политика, а не предизборните изјави, рече тој, додавајќи дека американските гласачи донеле „демократска одлука“.

Според Кумуцакос,  планираната посета на американскиот претседател во заминување Барак Обама на Атина следната недела, „сега ќе се одржи во поинаков контекст“.

Кумуцакос претходно на својот профил на Твитер го стави насловот на големиот хит на групата РЕМ од 1987 година „Ова е крај на светот каков што го знаеме“ (It’s the end of the world as we know it).