ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

obse odihr обсе одихр

Директорот на канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права Михаел Георг Линк настојува за продолжување на потребата за затворање на Гвантанамо затворот на Куба без понатамошно одлагање, се вели во соопштение од таа организација.

Во тој затвор моментно се уште 59 затвореници.

– Притвор без обвинување или судење, недостиг од одговорност за злоупотреба вклучително и измачување и други малтретирања во Гвантанамо се вршат спротивно на обврските на САД како членка на ОБСЕ, наведува Линк.

Тој додава дека затвор без правда и злоставување немаат место во демократското општество засновано на почитување на правото, човековите права и слободи.

Американскиот затвор Гвантанамо отворен е на 11 јануари во 2002 година, и вкупниот број затвореници кои таму биле е 780, а голем дел од нив се држени без судење или обвинение.

Моментно таму се 59 затвореници, и нивниот трансфер во други држави продолжува.

– Се надевам дека новата администрација ќе ја препознае важноста за строго придржување кон човековите права во борбата против тероризмот, нагласува Линк.