Доналд Трамп е новиот претседател на САД

Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп и официјално го презема раководењето со Белата Куќа. Трамп обезбеди доволно гласови да стане 45-тиот американски претседател, со 276 гласови од изборниот колегиум, јавува новинската агенција Асошиејтед Прес.

Предвидувањата беа во полза на Клинтон сѐ до 3:30 часот утринава, кога пристигнаа резултатите од Флорида, Северна Каролина и Охајо, по што работите се сменија и предноста премина на страната на Трамп.

Неговата ривалка, демократката Хилари Клинтон телефонски му ја честитала победата на Доналд Трамп.