Оланд сака средба со Трамп што е можно најскоро

Шефот на француската држава Франсоа Оланд најави дека би сакал „што е можно најскоро“ да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што соопшти вечерва Елисејската палата, во писмо упатено до Трамп, Оланд наведува дека сака да разговара со него за „заедничките вредности и интереси што ги споделуваат“.

– Пријателството меѓу нашите народи и нашата заедничка историја ќе ни помогнат во тоа, порачува Оланд во писмото.

Во текот на предизборната кампања во САД, Оланд во неколку наврати ги критикуваше ставовите и заложбите на Трамп.