ОН: Резервите од храна во Алепо се потрошени

Официјални претставници на Обединетите нации денеска соопштија дека последните резерви на храна што беа доставени во источен Алепо, се веќе потрошени.

Информациите говорат дека наредната пратка хуманитарна помош може да се очекува дури наредната недела.

Малку претходно, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Русија и натаму ќе ја почитува т.н. „хуманитарна пауза“.