Орегон: Проестите против Трамп станаа насилник, уапсени 29 лица

Најмалку 29 лица се уапсени во Орегон за време на протестите покренати во знак на незадоволство поради изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Полицијата соопштува дека протестите станале насилни и преминале во нереди.

Демонстрантите почнале да кршат прозорци на објекти и да палат контејнери, што полицијата сега го оквалификува како нереди.

Околу четири илјади демонстранти излегоа на улиците на Портланд, а околу полноќ почнаа со различни предмети да фрлаат по полицијата, која одговори со солзавец и некој вид чадна бомба за да ги растера.

Повеќе илјади луѓе, вклучувајќи голем број студенти, организираа нови протести во повеќе американски градови поради изборот на Трамп за нов претседател. Тој повторно се огласи на Твитер критикувајќи ги демонстрантите.

„Само што имавме многу отворени и успешни претседателски избори. Сега непрофесионални демонстранти, поттикнати од медиумите протестираат. Многу нефер!“ напиша Трамп.

Сепак, неколку минути подоцна се огласи повторно на Твитер каде напиша дека имал фантастичен ден на Вашингтон каде по првпат се сретнал со претседателот Обама.