Плевнелиев му ја честита победата на Трамп

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за 45-ти претседател на САД, јави БТА.

– Верувам дека единствено со заеднички напори ќе можеме активно и успешно да ги надминеме современите предизвици и закани и да се стремиме кон постигнување побезбеден и пообединет свет. Бугарија и САД имаат заеднички ставови и слични оценки за најважните светски случувања, што се одразува и преку тесната соработка како стратешки партнери, се наведува во честитката на Плевнелиев до новоизбраниот американски претседател.

Тој порачал дека „бугарско-американските односи се развиваат динамично во рамки на стратешкото партнерство и никогаш не биле толку блиски, пријателски и со видлив резултат, како во овој момент’.

Плевнелиев во честитката додава дека приоритет на Бугарија останува соработката, со цел да се зголеми обемот на меѓусебната трговија и взаемни инвестиции.