Поради водството на Трамп – Падна страницата за имиграција во Канада

Официјалната интернет страница за имиграција во Канада не е достапна, најверојатно поради преголем сообраќај по водството на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп.

Уште на почетокот на претседателската трка, многу Американци се шегуваа дека ако победи Трамп ќе се преселат во Канада.

Ова може да е случајност, а можеби и не е, затоа што страницата веќе еднаш падна годинава – кога Трамп прогласи победа на Супер Вторникот, односно ја доби републиканската номинација.

Изненадувачки, терминот на пребарување „како да се преселам во Канада“ тој ден беше многу популарен, исто како и во моментов, според статистиката на Гугл.

Пребарувањата за зборот „емиграција“ исто така пораснаа во САД по водството на Трамп на вечерашните избори.