При напад со нож во Кина убиени се осум лица

Најмалку пет лица се убиени при напад со нож во кинескиот регион Сенкјанг, соопшти денеска регионалната Влада во префектурата Хотан, додавајќи дека полицијата убила тројца напаѓачи.

При нападот, што се случи синоќа во округот Пишан, повредени се десет лица, а истрагата е во тек, се наведува на сајтот на регионалната Влада.

Во соопштението, меѓутоа, не се објавени деталните информации за напаѓачите или нивниот мотив за нападот.

Стотини лица настрадаа во претходните години во северозападниот регион Сенкјанг како последица од насилните пресметки меѓу припадниците на етничката заедница на Ујгурија и Хан-Кинезите.