ПУКАЊЕ НА ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО САД: Еден загинат, повеќемина ранети

Еден загинат, а повеќемина се ранети кога вооружен маж влетал на избирачко место во Азуса, Калифорнија и почнал да пука.

Според полицијата од Лос Анџелес, се работи за најмалку еден осомничен кој бил „тешко вооружен“.

За сега има малку информации за пукањето, што се случило околу 14 часот по локално време.

– Ова е многу насилен и критичен акт- велат од полицијата, а нема информации дали има повредени припадници на полицијата.