Рама: Честитки за Трамп, жал за Клинтон

Премиерот на Албанија Еди Рама му честиташе денеска на Доналд Трамп победа на американските избори за претседател, но изрази и жалење што „големиот пријател на Албанија и Америка, Хилари Клинтон не успеала“.

Рама на Фејсбук објави дека односите меѓу двете држави ќе продолжат да јакнат во интерес на заедничките вредности, но и додава дека „големиот пријател на Албанија и Косово, Хилари Клинтон не успеала“.

– Американскиот народ денеска го направи својот избор. Големиот пријател на Албанија, Косово и сите Албанци, Хилари Клинтон не успеа да стане прва претседателка во историјата на САД“, напиша Рама.