Речиси 30 илјади војници вклучени во најголемите воени вежби во Израел во изминатите 19 години

Речиси 30 илјади војници учествуваат во најголемите воени вежби во северен Израел во изминатите 19 години.

Во вежбите се вклучени пешадија, артилерија, специјални сили, ВМС, разузнавањето, објави министерот за одбрана Авигдор Либерман.

Во рамки на вежбите во различни делови од државата се распоредени системи за ПВО „Железна купола“. Според него, се одработува сценарио по кое борци на либански Хезболах преземаат израелски села на границата со Либан по што локалните судири прераснуваат во пошироки воени акции.