Републиканците ќе ја задржат контролата во Конгресот, проекција на американски медиуми

Републиканците, по денешните избори, ќе ја задржат контролата во Претставничкиот дом на Конгресот, јави американските електронски медиуми, врз основа на првите резултати во државите каде се затворени избирачките места.

Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и Ен-Би-Си проектираат дека републиканците ќе ја задржат контролата во Долниот дом на Конгресот, кој во нивни раце е од 2011 година.

Според нив, републиканците ќе освојат 235 од 435 пратенички места во Долниот дом, што значи дека демократите би добиле 12 мандати повеќе отколку во сегашниот состав, но се уште премалку за да ја добијат и контролата.

Многу понеизвесно е на изборите за Сенатот, кој ќе добие третина нови пратеници, каде републиканците имаат мнозинство (54 од 100 сенатори). Демократите треба да преземат пет мандати од републиканците за да имаат мнозинство во тој дом, а засега добија само еден.