Се гледа ли крајот на војната: ИСИЛ се повлече од последното упориште во Сирија

Екстремистите од Исламска држава се повлекоа од своето последно упориште по офанзивата на сириската Влада, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.

Сириските владини сили, меѓу кои има и ирачки борци, денеска по повлекувањето на екстремистите од ИД го пребаруваат стратешкиот град Ал Букамал.

Сириските медиуми јавија дека сириски трупи се судрија со преостанатите борци на ИД во Ал Букамал, што се наоѓа на границата со Ирак.

Ослободувањето на Ал Букамал значи дека екстремистите во моментот се распоредени во малите градови и села долж границата со Ирак и во сириската пустина