Шесте големи сили одобрија голема испорака на ураниум за Иран

sfga

Шесте големи сили (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија) одобрија голема испорака на ураниум за Иран како компензација, оти Техеран изнесе тони тешка вода, наведоа двајца анонимни високи дипломатски претставници.

Договорот предвидува испорака на скоро 130 тони ураниум од Русија.

Ураниумот може да биде збогатен до различни нивоа, што му овозможува да биде искористен за гориво на реакторот или за атомски бомби.

Иран тврди дека не развива нуклеарно оружје и дека ќе го збогатува испорачаниот ураниум за мировни цели.

Тешката вода, што Иран се согласи да ја изнесе, се користи за ладење на реакторите, што може да произведуваат големи количини плутониум, што слично како збогатениот ураниум може да се користи за изработка на нуклеарно оружје.