Шојбле: Постои опасност од диктатура на Ердоган во Турција

Постојат знаци што укажуваат дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган можеби сака да воведе диктатура во Турција преку реферемдумот за зголемување на надлежностите на шефот на државата, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Според Шојбле, уставните измени во Турција би можеле да бидат сфатени и како обид за создавање „автократија или дури и диктаура“.

– Доколку се следат настаните во последните години, можат да се увидат некои знаци што ужауваат на тоа, кои се вознемирувачки, истакна Шојбле.