ШОЈГУ: Сириската Влада двојно ја зголеми територијата што е под нејзина контрола

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека сириската Влада презела контрола на два и пол пати поголеми територија за само два месеци.

Во интервјуто за руската телевизија „Росија 24“, Шојгу истакна дека очекува завршување на судирите со екстремистичката група Исламска држава.

Тој наведе дека падот на екстремистичкото упориште Деир ел Зор на Еуфрат, ќе „каже многу“, а можеби и ќе претставува крај на судирите со припадниците на ИД.

Русија е близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад и од 2015 години неговите сили добиваат воздушна поддршка од Москва.