Што ако Трамп загуби и не ги признае изборите?

Америка гласа, а Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се уште мисли дека целата кампања може да биде трошење време и пари.

Трамп изјави дека евентуалниот пораз, може да биде ја фрли во сенка целата кампања.

„Ако не победам, ќе ја прогласам кампањата за тотално губење на време, енергија и пари“.

Но, дали Трамп ако загуби ќе ги признае изборите?

За време на претседателската кампања, републиканскиот кандидат одбиваше да одговори дали ќе ги признае изборните резултати.

На оваа тема, 56 проценти од Американците сметаа дека Трамп мора да ги признае резултатите ако ги загуби изборите, но дури околу 31 процент се убедени дека тој е единствената опција.

Политичките аналитичари за „Хафинтон пост“ оценуваат дека непризнавање на изборниот процес би можел да биде зачеток на една сериозна криза.

Сепак, одбивањето да се признаат изборните резултати би ја поткопале изборната демократија што претставува изборна традиција во Соединетите Американски држави. Аналитичарите сметаат дека приврзаниците на Трамп се радикални кога велат дека изборите се наместени и нивните гласови нема да бидат избројани.

Многумина дури мислат дека непризнавање на резултатите би можело да довесе до бран насилства, што ќе ги зголемаат тензиите и ќе создадат политичка криза.

Елена Тарчуговска