Талибанците веќе бараат од Трамп повлекување на американските сили од Авганистан

Авганистанските талибанци го повикаа новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги повлече американските сили од Авганистан.

– Нашата порака е Американците да изградат политика на неодземање независност и суверенитет од други народи. Што е најважно, тие би требало да ги повлечат своите трупи од Авганистан, наведуваат талибанците во соопштение.