Трамп на три изборни гласа до Белата куќа

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп победи во Пенсилванија и освои дополнителни 20 изборни гласови, јавуваат водечките американски новински и ТВ куќи.

Со тоа Трамп е на прагот на Белата куќа и инаугурацијата за нов претседател на САД.

Трамп сега има 267 од неопходните 270 изборни гласови, додека Клинтон има 215.

Републиканецот ги освои трите клучни т.н. „свинг“ држави – Охајо, Северна Каролина и Флорида.

Со оглед на тоа што во Висконсин има недостижна предност, која носи 10 изборни гласови, може да се заклучи дека Доналд Трамп станува 45. претседател на Соединетите Американски Држави.