Трамп прашува дали живее во „Нацистичка Германија“, Германците реагираат

cdcdc

Изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп со која неговата земја ја спореди со нацистичка Германија предизвика масовни коментари и критики на социјалните мрежи во САД и Германија.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, голем број Германци се противат на употребата на нивната историја за да се опише актуелната политичка битка што се води меѓу новиот претседател на САД и неговите опоненти и делови од разузнавачките агенции.

„Разузнавачките агенции не смеат никогаш да дозволат од кај нив во јавноста да излезат лажни вести. Нивниот последен удар кон мене. Дали живееме во нацистичка Германија?“, запраша Трамп преку својот профил на социјалната мрежа Твитер и предизвика масовни реакции на интернет.

Претходно, американскиот претседател, кој за 10 дена треба да биде инаугуриран, напиша дека Русија целосно го отфрла непотврдениот извештај објавен од страна на медиуми блиски на Демократите според кој тој соработувал со Москва во текот на кампањата за претседател.

Според него ваквото однесување на политичките противници и разузнавачките служби е многу нефер затоа што тој никогаш немал бизнис во Русија ниту пак Кремљ има некакци компромитирачки материјали за него. Тој ги демантира тврдењата дека Русија се обидела да го искористи а обвинувањата ги нарече обид да се делегитимирање на неговата претседателска позиција.