ТРАМП ПРЕД ГОЛЕМА ПОБЕДА: Досега освои 232 места во Изборниот колеџ, а Клинтон – 209

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 232 место во Изборниот колеџ, а на неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон бројката се зголеми 209.

Трамп има водство и во Северна Каролина, Мичиген, Њу Хемпшир, Висконсин, Аризона, Џорџија, Ајова, Невада и Јута, додека Клинтон води во Пенсилванија и е пред победа во Вирџинија.

Доколку успее да ја задржи предноста, Доналд Трамп ќе стане претседател на САД.