Трамп се огласи за протестите

За помалку од 48 часа откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во Америка, републиканецот ги искоментира масовните протести низ земјата.

„Имавме многу успешни претседателски избори. Сега професионални демонстранти поттикнати од страна на медиумите протестираат. Многу нефер!“

Ова е првиот коментар на Трамп насочен директно против медиумите откако прогласи победа и оствари средба со Барак Обама.

Многу Американци одбиваат да ја прифатат победата на Трамп, а илјадници демонстранти распоредени на повеќе локации во САД секојдневно излегуваат на улиците во знак на протест.