Трамп води пред Клинтон во првото гласање во трите минијатурни населени места во Њу Хемпшир

Доналд Трамп води пред неговата соперничка Хилари Клинтон во првото гласање за претседателските избори во трите минијатурни населени места во сојузната држава Њу Хемпшир со вкупно 32 наспроти 25 гласа. Гласањето во Диксвил, Харт Локејшн и Милсфилд почна точно на полноќ.

Клинтон освои повеќе гласови во Диксвил и Харт Локејшн, но Трамп беше фаворит во Милсфилд со 16 наспроти 4 гласови.

Либертаријанецот Гари Џонсон освои три гласа. Беа дадени и гласови за Берни Сандерс, Џон Кејсик и Мит Ромни, кои не учестуваат на изборите.

Според законите на сојузната држава Њу Хемпшир населените места со под сто жители имаат право да гласат на полноќ.