Трамп води во Кентаки, Индијана и Њу Хемпшир

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп според првичните резултати има стабилно водство во сојузните држави Индијана и Кентаки, како и значајна предност во Њу Хемпшир.

CNN јавува дека Републиканците, според првите анкети, далеку подобро поминуваат на Флорида и во Северна Kаролина отколку во 2012-та година.

Доколку Трамп успее да ја добие поддршката од мнозинството во овие традиционално неодлучни држави, тоа ќе биде сериозен удар за кампањата на Хилари Клинтон, кој би можел да биде и пресуден.