Три самоубиствени бомбашки напади во центарот на Дамаск

Најмалку едно лице загина, а шестмина се повредени во три самоубиствени напади во близина на главната полициска станица во Дамаск, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.

Напаѓачите се обиделе да влезат во командниот центар на полицијата и се судриле со обезбедувањето, по што го активирале експлозивот пред влезот на објектот. Полицајците го блокирале третиот напаѓач зад зградата, каде тој се разнел на влезот од пазар на истата улица.

Пред десет дена, во три самоубиствени напади беше нападната полициска станица во другиот дел на градот, при што беа убиени 16 луѓе, а одговорноста ја презеде џихадистичката група Исламска држава