Трнбол: Трамп ја потврди важноста на сојузот помеѓу САД и Австралија

Австралискиот премиер Малком Трнбол денеска по првиот свој телефонски разговор со Доналд Трамп како новоизбран претседател на САД, изјави пред новинарите, дека тој ја потврдил значајноста на воениот сојуз помеѓу Вашингтон и Канбера и на присуството на американски вооружени сили во азиско-тихоокеанскиот регион, пренесе БТА.

– Трамп го цени и почитува билатералниот одбранбен договор, нагласи Трнбол, и го нарече разговорот „срдечен” и „многу искрен”.

Документот е потпишан пред 65 години и согласно истиот, двете партнерски земји се должни да обавуваат консултации во сферата на безбедноста, доколку некоја од страните е нападната. Сепак, спогодбата не предвидува задолжителна заемна помош во случај на војна во која некоја од овие две држави учествува.

Трнбол не појасни дали Трамп има намера да продолжи со започнатото зголемување на американската воена групација во Австралија.