Трудо: Канада нема поблизок пријател, партнер и сојузник од САД

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска му честита на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и истакна дека Канада нема поблизок пријател, партнер и сојузник од САД.

Тој посочи дека односите меѓу САД и Канада „се модел за светот“.

– Ние со нетрпение очекуваме да соработуваме со новоизбраниот претседател Трамп, неговата администрација и со Конгресот на САД во следните години, вклучително за прашањата како трговијата, инвестициите и меѓународниот мир и безбедност, посочи Трјудо