Турција ќе ги затвора граничните премини со Ирачки Курдистан

Турција постепено ќе ги затвора граничните премини со Ирачки Курдистан во координација со централната ирачка Влада и со Иран, како одговор на референдумот за независност на автономната област, изјави денеска портпарол на турскиот претседател, Ибрахим Калан.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим предвидено е в недела да го посети Багдад каде ќе се сретне со ирачкиот колега Хајдар ал Абади.