Турција се надева дека администрација на Трамп „ќе ја исправи грешката“

tramp

Турција се надева дека новата американска администрација предводена од Доналд Трамп „ќе ја исправи грешката“ која ја направи Вашингтон кога договори сојузништво со милитантнат група на сириските Курди – Сили за заштита на народот во борба против Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за одбрана Фикри Ишик.

Турција ги смета Силите за заштита на народот за огранок на екстремистичката група Курдска работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во САД и Европска унија.