Уапсен рускиот режисер Серебреников

Познатиот руски, театарски и филмски режисер Кирил Серебреников е во домашен притвор откако беше обвинет дека проневерил 68 милиони рубљи (околу 1,1 милион долари).

Тој важи за еден од најдобрите современи режисери во Русија, а беше уапсен минатата недела. Апсењето предизвика страв во уметничките кругови од враќање на „Сталиновото време“ и репресии врз културата и културните работници.

Режисерот ги отфрли обвиненијата како апсурдни и невозможни односно дека се работи за фабрикувано дело.