УКРАДЕНИ ВЕЛОСИПЕДИ, ОБЛЕКА И ЛЕКОВИ: Голем грабеж од трговски брод во Бразил

Бразилската полиција соопшти дека досега се уапсени 11 лица кои учествувале во големиот грабеж на најразлична стока, украдена од контејенери што паднале во море, од еден трговски брод.

Според полицијата бродот, регистриран во Бразил бил вкотвен во близината на пристаништето Сантос, што се наоѓа до Сао Паоло, а сите досега уапсени биле фатени во моментот додека ги ограбувале контејнерите.

Десетици луѓе, со мали бротчиња, но и со брзи чамци ги заобиколиле контејнерите додека се наоѓале на морската површина и од нив ваделе се што мислеле дека може да им користи и да се продаде на црниот пазар на украдена стока.

Во контејнерите имало предмети за домаќинство, многу облека и чевли, технички производи, но и медицинска опрема и велосипеди.

Пристанишните власти соопштиле дека во морето паднале 45 контејнери, откако претходно од бродот биле истоварени 248, а биле натоварени 340 контејнери..

Полицијата сега истражува дали контејнерите биле намерно турнати во водата, за да биде украдена нивната содржина или пак станува збор за инцидент.

Некои локални медиумин тврдат дека пред паѓањето на контејнерите, бродот бил изложен на големи бранови кои веројатно и предизвикале дел од товарот да се најде во море.

Сведоци меѓутоа и изјавиле на полицијата, дека забележале оти некои од контејнерите веќе биле отворени кога се урнале во морето.