УНХЦР: Околу 313.000 Рохинџи бараат засолниште во Бангладеш

Бројот на лица кои побегнаа во Бангладеш поради насилствата во Ракајан, западен Мјанмар, се искачи на 313.000, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

Од 25 август, кога почнаа судирите во северозападниот дел на Мјанмар до денеска во Бангладеш пристигнале 313.000 луѓе.

Групата муслимански бунтовници, која се нарекува Армија за спас на Рохинџите во Аракан (АРСА) вчера на Твитер објави прекин на огнот и ги повика мјанмарските владини сили да преземат реципрочни мерки, за да се овозможи достава на хуманитарна помош.

Во насилствата голем број села се запалени, а стотици луѓе загинаа, од кој поголемиот број Рохинџи.