Вака изгледа гласачкото ливче што ќе му донесе победа на идниот претседател на САД

Ова ливче ќе му ја донесе победата на следниот американски претседател – Хилари Клинтон или Доналд Трамп во Флорида, бастионот кој мора да се освои за победа на изборите. Засега Трамп е во блага предност со 52,6%, но дали прогнозите ќе се остварат има помалку од 24 часа да видиме.

Претседателските избори во САД ќе се одржат утре, а последното истражување на јавното мислење објавено од институтот Ипсос во петокот, ѝ дава предност од само 5 процентни поени на демократката Хилари Клинтон пред кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, пред утрешните претседателски избори во САД.

glasacko-livce

ТВ Нова со целовечерна програма и директни вклучувања од САД ќе ги следи изборите. Програмата посветена на претседателските избори ќе започне на 8 ноември во 20 часот, а ќе трае се до раните утрински часови на 9-ти ноември, кога победникот ќе биде прогласен.