Ватикан ќе се моли Бог да го просветли Трамп

Ватикан упати честитки за Доналд Трамп во изборот за претседател на САД и порачаа дека тие ќе се молат Бог да го просветли и да го поддржи во неговите дела во служењето на својата држава, но и за мир во светот.

– Упатуваме наши желби кон вас како новоизбран претседател кој може навистина да има конструктивна влада, рече кардиналот Пиетро Паролин, секретар на државата Ватикан за Радио Ватикан.

Паролин смета дека целиот свет мора да работи за да се смени ситуацијата во овој ионака длабоко поделен свет.