Викиликс: ЦИА собирала информации за претседателските избори во Франција во 2012 година

ЦИА побарала од своите агенти да соберат информации за претседателските избори во Франција во 2012 година, се наведува во документ објавен од Викиликс.

Документот е на седум страници со докази дека шпионската централа барала внатрешни информации меѓу кои и партиско финансирање, соперништва во партиите и идната позиција кон САД.

Американски медиуми јавуваат дека во тој случај станува збор за стандардно собирање информации додека француски медиуми даваат мало внимание на информацијата на Викиликс.