Во Германија поголем одзив отколку на минатите избори

Одзивот на бирачите на германските сојузни избори, според првичните проценки, на многу изборни места е поголем отколку на минатите избори, одржани во 2013 година, јавуваат германските медиуми.

Излезноста до пладне, во Минхен била 57 отсто, во Хамбург 37 отсто, во Нимберг 29,6 отсто. Според локалните медиуми, во овие места излезноста е поголема за најмалку два отсто во однос на претходното изјаснување на граѓаните.