Во поплавите во Индија загинааа осум, а евакуирани се 36.000 лица

Само во последните 24 часа уште осум лица го загубија животот во поплавите што во индиската држава Гужарет се предизвикани од монсунските дождови, а со хеликоптери и бродови досега се евакуирани повеќе од 36.000 жители.

Спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до жителите во погодените градови и села, а заради оваа несреќа индискиот премиер, Нарендра Моди, се упати во Гужарат, пренесоа француските медиуми.

Спасувачките екипи помош добиваат од војската и воздухопловните сили, кои помогааат во спасувањето на 1.000 жители на селата отсечени од зголемувањето на нивото на вода.

Како што се наведува, од почетокот на сезоната на монсунски дождови, пред еден месец, се верува дека во Гужарет загинале околу 80 лица, а смртни случаи се регистрирани ширум земјата – во Асам погинале 75, а во Џама и Кашмир уште 13.

Во поплавите досега се уништени десетици илјади хектари посеви, наведоа официјални претставници на индиските власти.