Во Турција приведени 15 адвокати

Турската полиција приведе денеска 15 адвокати, осомничени за поврзаност со екстремистичката левичарска организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), соопштија полициски извори.

Единица од одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција спровела антитерористичка операција во окрузите Истанбул и Анкара, како и во уште три окрузи во државата. Акцијата била извршена по наредба на Истанбулското јавно обвинителство.

Во операцијата приведени се 11 адвокати во Истанбул и четворица во Анкара.

Револуционерна партија и фронт за народно ослободување се наоѓа на списокот на терористички организации во Турција и САД. Таа проповеда марксистичка идеологија и стои зад серија напади против владини објекти во текот на последните години.