Захарова: Москва сака нормален дијалог со Вашингтон

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова истакна дека Русија сака да воспостави нормален дијалог со САД, со цел да разговораат за повеќе прашања кои се од заеднички интерес.

– Секоја недела сме сведоци на нови и се повеќе софистицирани антируски чекори, нагласи Захарова.

Таа истакна дека, кога специјалните американски служби преземаат каков било чекор против руски дипломати или дипломатски претставништва, треба да бидат свесни дека ќе следат реципрочни мерки.

– Тоа им го кажавме неколку пати. Зборувајќи искрено, сакаме да воспоставиме нормален дијалог за повеќе проблеми кои се од заеднички интерес, изјави Захарова.