Завршува предизборната кампања во САД

Со девет митинзи од кои еден точно пред полноќ по локлано време Хилари Клинтон и Доналд Трамп завршуваат со предизборната кампања за претседател на САД.

Клинтон (69) се надева дека ќе биде првата жена претседател на САД и денеска закажа два митинга во Пенсилванија, еден во Мичиген и последниот во Северна Каролина пред полноќ по локално време.

Трамп (70) беше во Сарасота, а потоа ќе има митинзи во Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Њу Хемпшир.

Во Сарасота, во државата Флорида, Трамп изјави дека победата ќе значи крај на „корумпираниот Вашингтон“.

Според најновата анкета на Универзитетот Квинипиак Трамп и Клинтон се со изедначени резултати во Севрна Каролина и Флорида.

Двајцата кандидати се со историско високо ниво на непопуларност (50 проценти не ја поддржуваат Клинтон, а 62 отсто Трамп).