Тачи: Верувам дека во 2018 година ќе биде потпишан историскиот договор со Србија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денеска оти верува дека следната година со Србија ќе биде потпишан договор за нормализација и помирување, како и дека 2018. може да биде одлучувачка за евроатлантската перспектива на Западен Балкан.

Тачи изјави дека евроатлантската перспектива во голема мера зависи од способноста, храброста и подготвеноста на самите држави да ги надминат меѓусебните проблеми, кои се уште се отворени.

– Јас многу работам на тоа поле, бидејќи не верувам дека нешто друго е поважно од мирот, помирувањето и добрососедските односи. Значи, верувам дека во текот на следната година треба да го потпишеме историскиот договор со Србија за нормализација и помирување, истакна Тачи на отворањето на конференцијата „НАТО и Западен Балкан: Регионални динамики во ерата на глобалните безбедносни предизвици