Facebook тестира опција за криење на потенцијално вознемирувачки реклами

fb-2

Насочените реклами можат да бидат доста досадни, но тие можат да бидат и прилично лоши, ако се бесчувствителни на трагедиите во нашите животи. Ако го изгубите детето и видите реклама за детски производи, разбирливо е дека ова ќе ви делува трауматично. Facebook сака да го промени тоа и тестира функција која ќе ви овозможи да ги скриете потенцијално вознемирувачките реклами.

Опцијата сега е ограничена до блокирање на реклами за алкохол и родителски производи, но од социјалната мрежа можат да додаваат и други теми, ако корисниците изразуваат несогласување со нив. Тоа е дел од поголема промена во промотивните параметри со кои ќе можете да го направите користењето на реклами далеку попријатно нешто.

Facebook е подготвена да ви овозможи да гледате реклами, кои ги сакате, но тоа нема да ви даде можност да „затнете“ целосно некои реклами. Сепак тоа е признание дека парите кои се заработуваат од реклами не се најважното нешто. Ако човек не ја сака рекламната политика на Facebook, тогаш ова може да го натера да престане да ја користи социјалната мрежа воопшто, што ќе има полош ефект на Facebook, отколку опцијата за криење на дадени реклами.