„Ги хакираме Твитер и Фејсбук, тие ни плаќаат за тоа“

Постои легален начин да се хакираат интернет страните на компаниите, дури од тоа и да се заработува, пишува Би-Би-Си наведувајќи дека Џејк Дејвис како пример кој сега работи како експерт за сајбер безбедност.

Дејвис онлајн е познат под името Топијари, а во 2011 година е уапсен за илегално хакирање, по што преминал на страната на законот и добивал пари од Твитер за откривање на пропусти во нивната безбедност.

Поимот кој се користи за таков вид на хакирање е „етичко хакирање“, што во суштина значи дека хакерот е платен од компанијата за да го хакира нивниот сајт и да ги пронајде безбедносните пропусти и грешки во програмерскиот код (багови).

-Твитер ме плаќаше за да ги откривам „баговите“, вели Дејвис за Би-Би-Си.

Тој додава дека хакерите во секој случај би го правеле тоа, а сега парите му се како бонус.

Дејвис наведува дека на истиот начин хакерите се одвикнуваат од илегални постапки, бидејќи низ етичко хакирање може да прават што сакаат, а да добијат и пари за тоа.

-Фејсбук е особено добар, бидејќи плаќаат минимум од 500 фунти (околу 600 евра) за откривање на багови во нивниот код, раскажува Дејвис.