Иновативен телефон кој може да го измиете со сапун и вода

Од март на пазарот во Јапонија ќе биде пуштен во продажба иновативниот смартфон што може да се измие со вода и сапун.

Овој телефон е од втората генерација, а опремен е и со посебна апликација за готвење.

Така да, ако случајно го намокрите новиот „Рафре“ од сега нема да имате никаков проблем.