Нова игра на „Гугл“ по повод Ноќта на вештерките

По повод Ноќта на вештерките, „Гугл“ промовираше нова видео игра во која мачката Момо има задача да го спаси од духови Училиштето за магии.

Играчите и помогат на слатка мачка да ги победи духовите цртајќи разни форми над нивните глави, а главна цел е да се „улови“ лошиот дух кој ја украл книгата со магии.

Ако сакате да ја играте оваа заразна игра одете на google.com и вклучете се во авантурите на Момо.